Од акцијата организирана на 10 февруари по петочната молитва во 107 џамии на територијата на Скопското муфтиство, собрани се вкупно 157.620 евра, вклучувајќи ги и средствата доставени до жиро-сметката на Муфтиството и до неговото седиште.
Џамиите при Скопското муфтиство собраа над 157.000 евра од верниците по акцијата организирана за помагање на зоните погодени од силните земјотреси во јужниот дел на Турција.
Информацијата преку објава на социјалните мрежи ја потврди скопскиот муфтија при Исламската верска заедница на Северна Македонија, Ќенан Исмаили.
Тој соопшти дека од оваа акција организирана на 10 февруари по петочната молитва во 107 џамии на територијата на Скопското муфтиство, собрани се вкупно 157.620 евра, вклучувајќи ги и средствата кои биле доставени до жиро-сметката на Муфтиството и до неговото седиште.
Исмаили ги поздрави сите верници во Скопје и советите на џамиите каде што се собираа паричните средства по циркуларот објавен од страна на Скопското муфтиство на 10 февруари.
Средствата ќе бидат доставени до одредените места преку ИВЗ.