Радиша Трајковиќ Џани минатата недела го прекина настапот бидејќи ненадејно му се слоши.
Според медиумите, тој бил подобро, но утрото повторно се вратил во болница, бидејќи повторно му се слошило и бил задржан на дополнителни лекарски испитувања.
По прегледот тој на своја одговорност заминал дома, но утредента повторно имал здравствени проблеми, па контактирал со лекарите и како што сега пишуваат српските медиуми, сè e во болница.
Во таа прилика проговори сопругата на Џани, Слаѓа, која кусо изјави дека се работи за проблем со висок шеќер.
– Џани моментално е во болница на испитувања. Мислевме дека е слаб бидејќи има вирус, но тоа не беше така. Има проблеми со шеќерот – рече Слаѓа и додаде:
– И порано имаше такви проблеми, во моментов не ги ни знаеме деталите, чекаме…
Според медиумите, Џани веќе неколку дена е на тестови во болница, а неговите најблиски редовно го посетуваат. Имено, синот на Џани, Милош, објави слика од пејачот од болничкиот кревет, додека до него седел неговиот внук Никола.