Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума стана нов играч на Манчестер Сити.
26-годишниот голман се пресели на „Етихад“ од ПСЖ, со кого ја освои Лигата на шампионите минатата сезона.
Донарума потпиша петгодишен договор, а Сити му плати на ПСЖ 30 милиони евра.
„Ова е многу посебен момент за мене. Се приклучив на тим полн со талентирани играчи предводен од еден од најдобрите тренери во историјата. Сити е клуб во кој секој играч би сакал да се приклучи. Возбуден сум за периодот што претстои и ќе се обидам да му помогнам на клубот да постигне успех“, рече Донарума.