Џастин Бибер објави фотографии на кои плаче и ги загрижи фановите: „Дали е ова знак?“

Џастин Бибер објави серија фотографии на социјалните мрежи, а на некои од нив гледа во камерата и плаче.
Иако познатиот пејач не објасни зошто плачел и се фотографирал, фановите изразија загриженост за неговата состојба.

Многумина ги игнорираа другите фотографии од настапот кои ги објави пејачот, а сите во коментарите ги интересираше само истото.

„Дали е ова знак?“, „Те молам кажи ми зошто плачеш. Ме интересира“, „Зошто плачеш?“, „Се надевам дека си добро, жал ми е што гледам како солзи течат по твоите образи“, „Дали е се во ред?“, „Не плачи затоа што тогаш и јас ќе плачам“, „Џастин, тука сме за тебе“, се дел од стотиците коментари.

Фотографиите на кои тој плаче ги коментираше и неговата сопруга Хејли Бибер.

„Убав плачко“, напиша таа.

Во последните денови медиумите пишуваа дека Џастин и Хејли имаат проблеми во бракот. Гласините се проширија откако нејзиниот татко Стивен Болдвин ги повика христијаните да се молат за нив. Хејли, од друга страна, ги демантираше гласините.

„Само информирам, приказните што постојано ги гледам на TikTok се 100% погрешни. Составени од ништо, тие потекнуваат од заблуди. Знам дека можеби е забавно да се верува во тие приказни, но само за да знаете дека се лажни, напишала Хејли на Инстаграм.