Џастин и Хејли Бибер се видени за првпат по гласините за развод: Неговиот изглед продолжува да предизвикува загриженост
Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли се видени заедно за првпат по гласините за нивниот развод.
Џастин последниве денови предизвика реакции кај своите обожаватели кои изразија загриженост за неговата состојба и изглед, а претходната вечер тој излезе на вечера со сопругата.
Хејли за оваа пригода облекла кожна јакна и хеланки, кои ги искомбинирала со црни потпетици, додека Џастин облекол зелена јакна и сив дуксер.
Својот „запоставен“ изглед и исцрпеноста што обожавателите ја забележаа на неговото лице ја прикри со очила за сонце и капа претходната вечер. Иако Хејли и Џастин беа видени заедно, тие се држеа на кратко растојание еден од друг, а Хејли на моменти одеше пред Џастин.
За потсетување, Џастин во последните денови изненадува со своите јавни настапи и со својот изглед, кој многу обожаватели го толкуваат како депресивен и „запоставен“.
На една од неговите последни прошетки низ градот, Џастин се појави во црни широки панталони, карирана кошула и навалена капа. Многумина забележаа замор, исцрпеност, па дури и лошо расположение на неговото лице.
Многумина велат дека неговиот изглед е резултат на брачните проблеми што ги има со сопругата Хејли, за која се шпекулира дека ќе го напушти. Имено, таа одлучила да го напушти пејачот поради неговото деструктивно однесување кое не се променило од почетокот на нивната врска.
Исто така, неодамна во медиумите протекоа информации дека пријателите на неговата сопруга ја охрабруваат Хејли да го остави, бидејќи таа „многу трпела“ од неговото лошо однесување откако се запознале.