Џастин Трудо: “Победата на Доналд Трамп може да ја загрози борбата против климатските промени“

„Победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2024 година може да ги загрози глобалните напори против климатските промени“, посочи премиерот на Канада, Џастин Трудо, во интервју за CBS.

Доналд Трамп, кој ја минимизира важноста на климатските промени, минатата недела кажа дека кога ќе дојде на власт ќе се откаже од сегашното американско ветување, според кое земјите во развој треба да добијат три милијарди долари од САД за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Поранешниот претседател ги критикуваше инвестициите на администрацијата на Џо Бајден во обновливи извори на енергија за време на кампањата.

Да, постои загриженост особено за животната средина во време кога е толку важно да се оди напред за да се заштити и да се изгради економијата на иднината“, кажа Џастин Трудо во интервјуто за CBS.

Претседателството на Доналд Трамп што уназадува во однос на климатските промени ќе го забави глобалниот напредок на начини што ме загрижуваат“, додаде Џастин Трудо, опишувајќи го пристапот на администрацијата на Доналд Трамп кон климата како „закана, не само за Канада, туку и за светот“.

Законот, поддржан од Џо Бајден, за борба против инфлацијата, кој доведе до огромни инвестиции во зелената транзиција, ја поттикна Отава да потроши милијарди за да привлече производители на автомобили да произведуваат електрични возила и компоненти за батерии во Канада.

Доналд Трамп еднаш го опиша Џастин Трудо како – „нечесен и слаб“ лидер.