Џафери: Дури и мојот син има право да напредува и да работи

 Спикерот Талат Џафери денеска по средбата со новинарите ги коментираше реакциите во јавноста дека неговиот син го положил академскиот испит за судија и обвинител и наскоро би можел да стане обвинител.

Тој вели дека неговиот син бил жртва на положбата, но и понатаму има право на работа, пренесува Журнал.

„Свесен сум дека моето семејство е во фокусот на вниманието поради функцијата што ја извршувам. Сензацијата секогаш станува поголема кога се работи за дете на функционер. Но, како и другите, и мојот син има право да ги искористи сите свои права, да напредува и да биде прифатен на работа“, изјави Џафери.