Џафери за случувањата во ДУИ: Секој треба да се огледа во огледало и да се потсетува кај му е местото
Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА за состојбата во неговата матична партија ДУИ и обвинувањата за корупција, како и кон него лично од страна на некои негови сопартијци, вели дека секој треба „да се огледа во огледало и да си се потсетува кај му е местото“. Ако некој има проблем треба да биде коректен и да го каже, вели тој, бидејќи нема коруптивни колективи.
-Секој од нас треба да се огледа во огледало и да си се потсетува кај му е местото за да знае понатаму што се случува. Јас лично за себе можам да кажам дека сум мирен по однос на тоа. Барем за себе можам да кажам дека сум мирен по однос на тоа кому што му треба информативно. Впрочем соодветната институција спровела соодветна годишна програма која што ја има во која што сум бил вклучен со сите процедури, значи и известен дека сум дел од Програмата за верификација на она што сум го пријавил во анкетниот лист, завршена е таа процедура. Така што, секој за себе треба да си гледа пред огледало и тоа ја чини после целината. А секој во себе што има проблеми треба да биде коректен и за тоа барем на лидерот треба да му каже и да си најде начин како да се ослободи и да го ослободи од таа перцепција и субјектот, оти нема коруптивни субјекти, сега колективни, вели Џафери.
На прашањето дали ДУИ може со „интерен“ ветинг да ги реши работите во партијата, вели дека тука е проблемот во смисла на она што се дефинира. Потсетува дека лидерот на партијата Али Ахмети уште на конгресот кажал дека тие како партија се отворени за институциите.
– Самиот лидер кажа „не се сите цвеќе за мирисање“ и затоа има институции и тоа.. или да се озакони со закон за ветинг. Но, кога размислувале за тоа, барем она што го имам како сознание од разговорите внатре во коалицијата, се раководеле искуствено од општиот ветинг како што го започна процесот Албанија, па искуствено значи не излезе баш најдобро да се пресече се, па наново оти се ствараат празнини во делувањето, туку мора да се најде начин како тоа ќе се спроведе, вели Џафери.
Во однос на нападите кон него лично потенцира дека смета дека треба да каже свој став за тоа што било кажано, но дека му било чудно дека некои сопартијци излегле од партијата со активност за организирање движење, а сега се враќаат назад. И сега што, прашува тој, ќе бидат „добри момци“.
-Додека траеше сета таа ситуација на паралелни изјаснувања не бев и не сакав да станам дел од тоа. Да, точно е, јас на средбите со граѓаните по однос на напорот работиве да се држат внатре во субјектот како што впрочем и изјавите на дотичните коишто се засегнати со ова беа дека ова е работа за внатре да си дебатираме, да имаме слобода која што сме ја имале секогаш, но кога работиве веќе излегоа надвор од партијата секако како структура кога одевме со граѓаните требаше да пратиме порака дека треба да останеме сите во куќата и куќата не е на продажба. Ако се сеќавате на првите изјави. Е како одговорот на тоа се преточи контраодговорот на лична основа со квалификации со коишто сме оквалификувани. Првично дека сум работел за сметка на Арбен Таравари како кандидат што нема апсолутна вистина, ни „а“ од тоа, оти активностите со коишто сум работел на тој процес си го знаат спротивното од она што е тврдено и секако требаше да пратам порака ако веќе излегле надвор од субјектот со активност со организирање паралелна организација како движење ми беше чудно – пу, пу не важи, се враќаме назад, сега ќе бидеме што „добри момци“?, вели Џафери.
Негов став е дека парламентарните избори треба да се одржат во редовниот термин, а пресметки дали ДУИ ќе изгуби гласови за сметка на новото движење на Изет Меџити, кој се здружува со Беса и со Алтернатива, вели дека треба да направат во партијата.