Вицепремиерот и поранешен премиер Талат Џафери по заминувањето од премиерската функција рече дека својата работа ја вршел посветено и во корист на сите политички партии и етникуми.
„На последниот работен ден како премиер, нужно потсетувам на визијата и каузата на претседателот Али Ахмети за првиот албански премиер во Република Македонија.
Одлука која напиша нова, поинаква, попрогресивна и поевропска иднина на нашата земја. Одлука која докажа дека работата, посветеноста и резултатите во полза на сите граѓани ги надминуваат партиските, етничката, дневната политика и неделните бури. Ви благодарам за сета поддршка и професионализам на сите околу мене.
Испишавме историја, останува помладите генерации да ја продолжат и унапредат.
До следните историски моменти за нашата земја останувам посветен на функцијата заменик“. пишува Џафери на Фејсбук.