Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска го прими амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Дејвид Гир.
Амбасадорот Гир, како што соопшти Владата, му честитал на премиерот Џафери за именувањето за премиер, при што ја истакнал поддршката на ЕУ и Делегацијата во Скопје во продолжувањето на соработката и поддршката на институциите во реализацијата на европската агенда на држава, со посебен акцент на организирање и спроведување на претседателски и парламентарни избори на коректен и демократски начин.
„Премиерот Џафери изрази задоволство што неговата прва средба е со претставници на меѓународната заедница, поточно со амбасадорот на ЕУ во Македонија, што е јасен знак за насоката на движењето на Владата во наредниот период.
„Премиерот истакна дека претстојните избори се од извонредно значење за иднината на државата, бидејќи тие ќе го одредат текот на движењето и напредокот во наредниот период. Премиерот истакна и дека Владата ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навреме да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската унија во насока на забрзана европска интеграција“.
„На средбата беше ставен посебен акцент на заедничката заложба на Брисел и Скопје за натамошно успешно движење на активностите поврзани со Планот за раст на Западен Балкан и во овој контекст, амбасадорот Гир го поздрави конструктивниот пристап на Владата“, се наведува во соопштението. .
Заблагодарувајќи му се на амбасадорот Гир за принципиелната поддршка на Македонија од ЕУ во процесот на остварување на стратешката цел на државата – членство во ЕУ, премиерот Џафери истакна дека Владата ќе продолжи со активностите за унапредување на демократијата и владеењето на правото. како борба против корупцијата и зајакнување на владеењето на правото.
Од Владата велат дека на средбата биле разменети мислења и за актуелните прашања за внатрешно-политичката состојба во државата и за претстојните избори.