Џафери на Третиот самит на дијаспората во Тирана

 Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска присуствуваше на Третиот самит на дијаспората во Тирана, на покана на премиерот на Република Албанија, Еди Рама.

На Самитот, како што соопшти собраниската прес-служба, присуствуваа голем број државни и политички фигури од Република Албанија како домаќин, од Република Северна Македонија, Република Косово, како и претставници на албанската дијаспора од Европа и Соединетите Американски Држави.

-Џафери, заедно со неговиот хомолог, претседателката на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола, го следеше форумот на кој што имаше обраќања од кои можеа да се слушнат идеи, проекти и визии за сестрана соработка во полза на државите од Регионот. Факт е дека регионот се соочува со разни предизвици од економски, енергетски, здравствени, социјални и над се, од безбедносни аспекти и единствениот начин за успешно надминување на тешкотиите и напредок на регионот е сестраната регионална соработка со посветеност кон главните европски вредности, демократија, владеење на правото и на фундаменталните вредности, меѓутоа и значењето на помирувањето и взаемната почит, се наведува во соопштението.

Форумот, како што е посочно во соопштението, била одлична можност средба и размена на мислења во однос на актуелните текови во регионот и пошироко.