Џенифер Анистон го поддржа Вучиќ: Холивудската ѕвезда беше воодушевена од мерките што ги презеде претседателот на Србија по двата масакри (ФОТО)

Да потсетиме, претседателот Вучиќ предложи конкретни мерки кои ќе придонесат за мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните:

  1. Разоружување на Србија – конфискација на нелегалното оружје и одкупување на легално со цел да се намали бројот на оружје во домаќинствата во Србија;
  2. Намалување на старосната граница за кривично-правна одговорност од 14 на 12 години;
  3. Регрутирање на уште 1.200 полицајци во училиштата;
  4. Формирање на Совет за борба против врсничко насилство;
  5. Формирање на Работна група за безбедност на децата на Интернет.

Познатата холивудска ѕвезда Џенифер Анистон реагираше на веста за првите резултати од овие мерки и ги поддржа горенаведените мерки.

Граѓаните на Србија во изминатите неколку дена на српското МВР му предале 9.401 оружје, околу 400.000 парчиња муниција, како и 884 парчиња мини и експлозивни направи, изјави Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање на криминалот на МВР.

Србија и уште еднаш ги повика граѓаните кои сакаат да се ослободат од оружјето што го имаат да го предадат на МВР.