Џенифер Анистон објави видео од тренинг, фановите во делириум: „Лажеш дека имаш 54 години, ова е невозможно“

За вас времето тече наназад, коментираат 42-те милиони фанови на Анистон на Инстаграм

Актерката Џенифер Анистон ги воодушеви своите обожаватели, од кои повеќе од 42 милиони на Инстаграм, откако објави ново видео во кое ја покажува својата рутина за тренинзи. Потсетуваме, ѕвездата од серијата „Пријатели“ има 54 години, а обожавателите масовно и упатија комплименти и честитаа за младешкиот изглед и физичката подготвеност.

Во видеото таа е облечена во црни хулахопки. Во натписот, актерката се пофали дека сега е дел од тренинг тимот и со гордост ги поддржува талентираните тренери.

Обожавателите не можеа а да не го забележат беспрекорното и затегнато тело, но и не можеа да поверуваат дека тоа е телото на 54-годишната жена.

„Драги Боже, Џенифер, како можеш да продолжиш да стануваш се поубава и поубава?

„Дали се шегуваш? Не можеш да имаш 54 години!!!“, е коментарот на неверување на комбинацијата на изгледот и годините на актерката.

„Извинете, госпоѓо. Имате тело кое секој го посакува. Јас имам 20 години и никогаш не сум видела стомачни мускули на мојот стомакот!!! Ви благодариме што им покажавте на жените од сите возрасти дека е потребна работа и доследност!“

Некои во коментарите нашле инспирација за шега во совршениот изглед на Џенифер.

„Времето се движи напред, но за неа се движи наназад.

Ова не е прв пат популарната актерска ѕвезда да биде пофалена на социјалните мрежи за нејзиниот изглед.