Џесика Алба поднесе барање за развод по 17 години брак: Еве ги сите детали

Актерката Џесика Алба официјално поднесе барање за развод од филмскиот продуцент Кеш Ворен. Тие беа во брак речиси 17 години, а Алба го потврди разводот во средината на јануари.

Според документите до кои дојде Дејли Мејл, актерката ја поднела апликацијата со помош на Лора Васер, која меѓу другите има работено за Ким Кардашијан, Аријана Гранде, Џенифер Лопез и Кевин Костнер. Алба и Ворен немаа предбрачен договор.

5111.jpg

Ќе си го врати моминското презиме.

Актерката наводно планира да се откаже од презимето Ворен и повторно ќе го земе своето моминско презиме. Во текот на парницата ќе се утврдува и што точно ќе биде со нивниот заеднички имот. И двајцата бараат заедничко старателство над нивните три деца, ќерките Хонор Мери (16) и Хевен Гарнер (13) и синот Хејс (7).

За потсетување, Алба го потврди разводот на 16 јануари на социјалните мрежи. Гласините за нивната разделба се појавија една недела порано, а актерката во објава на Инстаграм рече дека била „на патување на себеоткривање со години – и како поединец и заедно со Кеш“.

„Време е за ново поглавје“

„Горда сум на начинот на кој растевме во нашиот брак во изминатите 20 години, но сега е време да започнеме ново поглавје на раст и развој како поединци. Одиме напред со љубов, добрина и почит еден кон друг и засекогаш ќе останеме семејство. Нашите деца остануваат наш најголем приоритет и бараме приватност во овој момент“, рече Џесика Алба во нејзината изјава.