ЏЕХВА ГИ НАВРЕДИЛА СЛЕДБЕНИЦИТЕ! Скандалозниот потег на пејачката по негативни коментари: „Телешка главо“ !

Нејзините следбеници и замериле за една работа, таа ги навредувала

Пејачката Теодора Џехверовиќ деновиве е на одмор со својот брат и снаата, а ниту сега не пропушта прилика да одговори на негативните коментари кои и ги упатија дел од нејзините следбеници.
Имено, Џехверовиќ не трпи негативни коментари за нејзиниот изглед, па се пресметува со сите што ќе напишат нешто лошо за неа.

Во еден од коментарите, следбениците и замериле на пејачката дека се преправала дека е важна, со оглед на занимањето на нејзините родители.

-Го гледам „Папарацо лов“ а ти се правиш важна. И сети се дека мајка ти е шнајдерка, а вујко ти е градежен работник – на што следел одговорот:

–  Телешка главо, ако мислиш дека тоа што го напиша е навреда за мене, многу се лажеш  – пејачката не молчи.

Секако, имаше и такви кои ја пофалија што конечно се облече во една од фотографиите на Инстаграм , со оглед на тоа што на повеќето фотографии таа е разголена.

-Поубаво е да те видам облечена… Се шегувам, секако… Ха-ха – гласи коментарот.

  • Умрев од смеење, каква забава – заврши Џехверовиќ.

Да потсетиме, Теодора пред 11 дена оперирала циста на јајниците, а закрепнувањето што се случило во нејзиниот дом често го покажувала на социјалните мрежи. Со неа цело време била нејзината мајка Гоца, која по операцијата се грижела за пејачката.