Килијан Марфи прифати да го игра Кен: Популарниот актер ги вжешти социјалните мрежи со својата изјава (фото)

Ирскиот актер Килијан Марфи моментално е во центарот на вниманието, благодарение на улогата на физичарот Роберт Опенхајмер во новиот филм на Кристофер Нолан. Актерот ги воодушеви критичарите и публиката ширум светот со својата неверојатна трансформација и голема вештина.

Со оглед на тоа што филмот излезе на ист ден со „Барби“ на Грета Гервинг, на социјалните мрежи започна вистинска мала војна за тоа кој филм ќе помине подобро. Медиумите го прашаа Марфи дали некогаш размислувал за улогата на Кен, имајќи предвид дека создавањето на иконската кукла ги собори сите можни рекорди.

-Дали сум подготвен да го играм Кен во Барби 2? Секако дека сум. Ајде да го прочитаме сценариото, да разговараме за тоа – рече актерот и додаде:

– Едвај чекам да го гледам тој филм. Мислам дека тоа што летово излегуваат толку одлични филмови е добро за кината.

На социјалните мрежи неговата изјава наиде на голем одзив, а сите се воодушевени од оваа изјава. Фановите не престануваат да го коментираат Килијан, а некои велат дека тој би бил подобар Кен од Рајан Гослинг.

Како беше избран Кен?

Луси Беван и Алисон Џонс, кои беа задолжени за кастингот, открија дека бараат различни актери кои ќе го портретираат Кен.

– Беа многу различни, но оставија впечаток на поврзаност. Баравме актери кои ќе можат да се справат со улогите, да бидат одлични, а во исто време да уживаат во нив – изјавиле кастинг директорите за актерите кои го глумеле Кен.