Британскиот готвач Џејми Оливер откри најмногу што му помогнало да изгуби 12 килограми за кратко време.
Кога сфатил дека премногу се здебелил, се префрлил на поздрава, растителна исхрана, што е можно повеќе избегнувајќи го месото. Алгите му биле многу корисни за дополнително да го забрза слабеењето.
Тие се еден од најбогатите извори на јод. Богати се со протеини и витамини А, Б, Ц, Д и Е. И покрај тоа што се нискокалорични, полни се со омега-3 масни киселини. Се користат и за отстранување на целулитот бидејќи ги забрзуваат процесите на растворање на маснотиите и излачувањето на токсините и вишокот течности од телото.
Можат да послужат и како замена за сол, а добра работа е нивниот прилично благ вкус. Бидејќи се многу хранливи, во последниве години се многу популарни кај вегетаријанците.
Покрај оброците, јадел и ужинка со јаткасти плодови, кои го намалуваат ризикот од срцев удар за дури 50%. Го намалил внесот на алкохол и се обидел да спие повеќе.