Џиновска ајкула видена во Јадранско Море: Ова никој не го очекуваше

На Фејсбук страницата „Area Marina Protetta Miramare“ објавена е фотографија од загрозен вид ајкула, чие присуство не треба да предизвикува загриженост.

Последен пат, џиновска ајкула ( Cetorhinus maximus ) е видена во 2015 година во близина на брегот на туристичкото одморалиште Дуино, а сега е снимена во заливот Трст.

Огромна ајкула

Иако големината на овој вид може да биде застрашувачка (тие достигнуваат помеѓу 7 и 8,5 метри), таа се храни исклучиво со планктони и во минимална мера со мали риби.

Тие имаат типичен изглед на морски предатор и често се мешаат со големи бели ајкули.

Сепак, лесно се разликуваат благодарение на огромните вилици со големина до еден метар и страничните процепи кои речиси ја опкружуваат главата.