ЕЛЕКТРИЧНА ОФЕНЗИВА НА “BMW“ – Баварците најавуваат дури шест целосно нови електрични модели: Бензинот и дизелот заминуваат во историјата

За новата ера има нова платформа и програма. Германскиот гигант – BMW, има јасен план со Neue Klasse платформата, која е симбол на преминот кон електрична и дигитална мобилност.

Посебната електрична архитектура доаѓа на систем од 800 волти и означува прекин со дизел моторите, или комбинираните механички платформи, на кои претежно се базираат денешните електрични автомобили на BMW.

Што се однесува до батериите, BMW ќе користи цилиндрични ќелии на новата платформа, кои имаат предности во пакувањето, помала вкупна висина и поголема енергетска густина. Дополнително, новиот систем е полесен, покомпактен и повеќе од 40 отсто поисплатлив од верзијата со електричен погон што се користи денес. Се предвидува дека потрошувачката на енергија ќе биде и до 25 отсто помала од денешната верзија.

BMW Neue Klasse, BMW

Neue Klasse ја претставува најголемата инвестиција во историјата на BMW, додека електричната архитектура е дизајнирана да го покрие целото портфолио на производителот на автомобили.

Каков е планот со новите модели ? SUV iX3 треба да биде претставен на крајот на 2025 година, а продолжената верзија на iX3 ќе се произведува во Кина.

Во 2026 година, BMW ќе започне со производство на седан во класата на модели „3“ во својата фабрика во Минхен, а подоцна ќе се произведува во Мексико и Кина.

Во 2026 година се очекува и купе-кросовер наречен iX4, а во 2027 година би требало да биде претставена и караван варијанта. Шестиот модел е компактен SUV, кој треба да го замени iX1.

Со доаѓањето на Neue Klasse, BMW треба да воведе и нова номенклатура за да не ги збуни клиентите за време на транзицијата кон „електричната доба“. Електричниот седан од серијата „3“ ќе биде означен како i320 или i330, во зависност од спецификацијата, додека автомобилите од серијата „3“ со мотори со внатрешно согорување ќе бидат означени како 320 и 330, исфрлајќи ја наставката „i“ за бензинските верзии и „d“ за дизели, пишува Automobilwoche.