НЕВЕРОЈАТЕН СЛУЧАЈ – Заминала да купи предмети за домаќинството, а неколку минути подоцна се породила: Мајка од Англија се породила во супермеркет, а главни асистенти и биле вработените

Бремена мајка која влегла во супермаркет за да купи предмети за домаќинството излегла со нешто што сè уште не го очекувала – нејзиното бебе.

Лорен Јуингс се породила четири недели порано и го родила Едвард – 2.700 грама со помош на персоналот во супермаркет.

27-годишната девојка од Англија се разбудила со болка во понеделникот, но претпоставувала дека се работи за лажни породилни болки.

Откако го оставила своето најстаро дете на училиште, таа го направила она што го планирала, а тоа било да отиде во локалниот супермаркет во градот за да земе парацетамол и храна за мачки.

Меѓутоа, пред воопшто да стапне во супермаркетот, се случило „чудо“. Таа се упатила кон тоалетот за инвалиди во супермаркетот да се исчисти и го повикала партнерот да дојде од дома и да ја земе. Но, работите се случувале многу побрзо од очекуваното. Ги повикала мајка и и тетка и, кои повикале итна помош, а персоналот веднаш притрчал да и помогне.

Еден член на персоналот набрзо ја нашол во тоалетот за лицата со посебни потреби.

Лорен Јуингс кажала:

Влегов во тоалетот за хендикепирани и пет или 10 минути подоцна почувствував голем притисок долу, па ѝ се јавив на мајка ми. Таа се јави на 911 затоа што имав многу болки“.

Бев на телефон околу 10 минути, а потоа пет минути подоцна влезе Лиза, која работи таму, а потоа две минути подоцна склекнав и бебето почна да излегува. Две минути подоцна се породив, а околу 15 минути подоцна пристигна медицинска сестра“, додала таа.

Влегов во 09:10, а тој се роди во 09:40. Беше многу брзо, особено затоа што моите две претходни деца беа по царски рез и ова беше мое прво природно породување, па немав никакво олеснување од болка или ништо“, објасила таа.

Лорен Јуингс вели дека таа и бебето Едвард имале неколку тестови, но сега се добро.

Лорен Јуингс им се заблагодари на персоналот на супермаркетот, велејќи дека се „фантастични“.

Персоналот беше во шок и навистина возбуден. Имаме неколку пријатели кои работат таму и тие зборуваа за тоа цел ден“, заклучува таа.