Џиновскиот хуманоиден робот во улога на боксер, правеше движења слични на оние на професионалците од овој спорт

Од роботот со четири нозе голман до Google AI што е шампион во пинг-понг, голем број роботи веќе го „заробија“ светот со голема брзина.

Сега се чини дека планираат да ги произведат оние кои ќе бидат професионални боксери, пренесува Телеграфи.

На видеото е прикажан џиновски хуманоиден робот кој боксува со човек – влече некои импресивни потези, како и удирање како професионалец.

Овие слики предизвикаа загриженост кај многу корисници на социјалните мрежи, каде што еден од нив вели дека е потребно „да се почека господинот Робот да има памет и сам да реагира – со тоа што навистина ќе го удри противникот“.

Станува збор за Надија производ на истражувачката група IHMC Robotics. Роботот го доби ова име „Надија“ од познатата гимнастичарка.

Дизајниран да биде флексибилен, роботот може да прави 29 различни движења и тоа најдобро се покажува во видеото објавено подолу.