Џиновски роботи за дожд, трговија со вода, пресушени мориња, пандемии: Научниците го замислуваат светот по 2050 година

Џиновски роботи за сеење и предизвикување дожд, машини кои овозможуваат контрола на врнежи и бури, уреди за анализа на растенија, трговија со вода, застрашувачки суши, исчезнување на цели мориња, пандемии… Сето тоа се сценарија на иднината – како мислат научниците светот би можел да изгледа како по 2050 година.

Човечката активност сè повеќе го менува начинот на кој водата се движи низ атмосферата. Сето ова може да има долгорочни последици кои е тешко да се замислат. Токму поради оваа причина Патрик Кис, вонреден професор на Државниот универзитет во Колорадо, ги повика другите научници на нов начин да покажат каква иднина нè чека.

– Приказните се насекаде и се составен дел од животот на луѓето. Тие кажуваат нешто различно во споредба со графиките од истражувачките трудови. Тие овозможуваат следење како луѓето се чувствуваат и како реагираат на овие промени. Ваквата работа може да ги натера луѓето повеќе да размислуваат за овие промени – вели Кис во соопштението на Универзитетот.

Истражувањето имаше три различни фази, вели тој. Тој прво користел анализа на текст за да пронајде теми кои се повторуваат во научните трудови за движењето на водата во атмосферата. Потоа тој ги класифицира овие податоци со цел подобро да ја опише интеракцијата на луѓето и институциите со ова движење на водата во атмосферата. Конечно, тој побара од експертите да замислат свет за неколку децении каде активностите како „сеење облаци“ се вообичаени, можна е контрола на дождови, бури или суши, а секундарните ефекти се многу повидливи.

Резултатот е експеримент во научно-фантастични приказни со цел да се проучува реалноста и да се замислат дури и најчудните исходи.

– Имаме чувство дека некои верзии на иднината се поверојатни од другите, но мораме да разбереме дека, ако сакаме да го разбереме патот по кој се движи нашиот свет, моделите сами по себе не се доволни. Особено ако зборуваме за работи кои тешко се квантифицираат, како културата или перцепцијата, што може да има големо влијание врз исходот – рече Кис.

Тој организираше серија работилници со мултидисциплинарни експерти за вода од сите области. На крајот, беа развиени 10 сценарија вклучени во студијата :

  1. Ние сме како богови;
  2. Војни;
  3. Инцидент со ѓубриво;
  4. Гордоста на Бурма;
  5. Трговија;
  6. Помош на небото,
  7. Премногу дожд;
  8. Дневникот на Игор,
  9. Било какво време
  10. Училиштето заврши засекогаш.

Покрај тоа, Кејс работеше со уметникот Фабио Комино за да создаде слики што ќе ги придружуваат сценаријата и Државниот универзитет во Колорадо ги објави сликите.