Џордан три пати го бакна Јокиќ – по српски! Хит сцена на подиумот: Му пријде на Никола и го испочитува традиционалниот српски обичај!

Сцената која е снимена по натпреварот помеѓу Денвер и Минесота ги воодушеви љубителите на кошарката во Србија и Балканот.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше незапирлив во триумфот на Нагетс во вториот меч од плејоф серијата против Минесота. Тој го заврши мечот со 27 поени, девет скока и девет асистенции, а со својата игра ги развесели навивачите во „Бол Арена“ и соиграчите.

По натпреварот кај Никола дојдоа соиграчи да му честитаат за одличната игра, а посебно внимание привлече Американецот Деандре Џордан, кој го почитуваше традиционалниот српски обичај и трипати го бакна Јокиќ!

Погледнете го потегот на искусниот американски кошаркар кој предизвика многу симпатии кај навивачите на Балканот: