Џорџ Клуни открива дека сака да си ја врати косата: Изгледам како да имам криза на средните години (видео)
Џорџ Клуни, додека гостуваше во емисијата „Доцна навечер со Сет Мејерс“, рече дека сака да ја врати својата препознатлива седа коса.
Тој откри дека повеќе би сакал да ја избричи целата глава отколку да се појави на доделувањето на наградите Тони со темнокафеавата коса што ја носеше за улогата во „Добра ноќ и среќа“.
„Можеби ќе имам избричена глава, можеби ќе изгледам како Јул Бринер. Последната изведба на претставата е во недела, а додека стигнеме до доделувањето на наградите Тони таа вечер, оваа фризура ќе ја нема“, рече тој.
Клуни носеше бејзбол капа за време на интервјуто за да ја покрие фризурата и им објасни на гледачите дека косата му е моментално во непријатна фаза на раст откако престанал да ја бои пред два месеци.
„Ужасно е. Сè уште е темно горе, а сиво долу. На тој начин добивате прекрасен премин на сива боја. Изгледа лошо, како да поминувам низ некоја ужасна криза на средните години“, рече тој.
Кога го прашале што мисли неговата сопруга Амал Клуни за сето ова, тој рекол: „Ќе биде среќна кога ќе го снема.“ Клуни претходно истакнал дека ниту неговата сопруга ниту нивните две деца не се воодушевени од новиот изглед.
Сепак, Клуни е номиниран за најдобар глумец во драма на наградите Тони за 2025 година за неговата улога како новинарот Едвард Р. Мароу. Претставата „Добра ноќ и среќа“ беше номинирана и за најдобар звук, сценографија, костимографија и осветлување во категоријата драма.
Доделувањето на наградите „Тони“ ќе се одржи во недела во Радио Мјузик Хол во Њујорк, а водител ќе биде музичката ѕвезда од „Wicked“, Синтија Ериво.