ЏО БАЈДЕН НА АПАРАТИ! Белата куќа ја објави здравствената состојба на претседателот на САД: “Тој користи машина…“ – позната неговата здравствена состојба!

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, почна да користи уред за континуиран позитивен притисок во дишните патишта за да се справи со долгогодишниот проблем со апнеја при спиење, состојба во која дишењето престанува за време на спиењето, соопштија во средата претставници на Белата куќа.

Од 2008 година, претседателот ја откри својата историја на апнеја при спиење во темелни медицински извештаи“, се вели во кусото-соопштение од Белата куќа.

Друг претставник на Белата куќа вели дека Џо Бајден почнал да користи CPAP машина во последните недели за да го подобри квалитетот на неговиот сон.

Во средата, Џо Бајден беше виден од новинарите со траги на лицето што укажуваа дека носи некаков вид широк ремен. За потсетување, докторот на Џо Бајден го прогласи за здрав и „подготвен за должност“ во февруари по физичкиот преглед.

Bloomberg прв објави за користењето на машината CPAP од страна на Џо Бајден.

Апнеја при спиење е вообичаено нарушување на спиењето кое се карактеризира со кратки прекини во дишењето за време на спиењето. Тоа може да предизвика ‘рчење и дневен замор и може да доведе до висок крвен притисок или проблеми со срцето, според тврдењата на експертите. Во најчестата форма на апнеја при спиење, мускулите на грлото се опуштаат, блокирајќи го протокот на воздух во белите дробови.

Џо Бајден (80 г.) е најстариот човек кој ја извршува функцијата претседател на САД, а неговата возраст и здравје се во центарот на вниманието на гласачите бидејќи се кандидира за втор, четиригодишен мандат во 2024 година. Возраста е еден од неколкуте фактори кои го зголемуваат ризик од развој на апнеја при спиење.

Анкетите покажуваат дека повеќето Американци се загрижени за возраста на Џо Бајден. Во февруари докторот по физички преглед го прогласил за здрав и „способен за должност“. Во извештајот на докторот за прегледот на Џо Бајден не се споменува апнеја при спиење, но се вели дека Џо Бајден се справувал со „конгестија на синусите поголемиот дел од својот живот“ и дека „симптомите на синусите се подобриле по неколку операции на синусите и носот“.