Џо Бајден предупреди дека Доналд Трамп и неговата кампања се закана за демократијата: “Нешто опасно се случува во САД!“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, во четвртокот предупреди дека републиканецот Доналд Трамп и неговите сојузници претставуваат опасна закана за американската демократија, оживувајќи ја таа порака пред изборите во 2024 година на кои Доналд Трамп и Џо Бајден најверојатно ќе бидат ривали.

Нешто опасно се случува во САД во моментов“, порача Џо Бајден, притоа објаснувајќи ги неодамнешните закани на Доналд Трамп кон американските официјални лица. 

Џо Бајден го зборуваше и за наследството на починатиот републикански сенатор Џон Мекејн од Аризона, републиканскиот претседателски кандидат во 2008 година, кој почина во 2018 година. Џо Бајден и Џон Мекејн останаа пријатели и покрај нивните политички разлики.

Џо Бајден кажа дека на САД им недостасува храброста на Џон Мекејн, која е потребна во моментов бидејќи „историјата ни донесе ново време на судење“.

Постои екстремистичко движење кое не ги дели основните верувања на нашата демократија – Движењето МАГА“, посочи Џо Бајден.

Џо Бајден кажа дека не мисли дека сите републиканци се согласуваат со „Движењето МАГА“, што е кратенка од слоганот на Доналд Трамп – „Make America Great Again“. Но, вели тој, нема сомнеж дека денешната Републиканска партија е предводена и заплашена од републиканските екстремисти на МАГА.

слика
Џо Бајден

Тој наведе што направил Доналд Трамп за да ја поткопа демократијата, како што е отпуштање голем број јавни службеници и нивно заменување со политички додворувачи. Кандидатурата на Џо Бајден за втор четиригодишен мандат доаѓа во услови на загриженост за неговата напредна возраст – тој ќе наполни 81 година овој ноември. Тој ги засили своите предупредувања дека Доналд Трамп е потенцијална закана за демократијата како што покажа нападот на Капитол на 6. јануари.

Доналд Трамп се соочува со неколку обвиненија, вклучително и за неговата улога во немирите на 6. јануари. Тој неодамна во својата изјава стави до знаење дека претседателот на Здружениот Генералштаб на американските сили заслужува да биде убиен и дека Министерството за правда треба да престане со финансирањето.

Говорот на Џо Бајден уследи по втората републиканска претседателска дебата во средата во Калифорнија, која беше обележана со какафонија од гласови, ситни галами и бизарни коментари од седумте кандидати.

Доналд Трамп, кој повторно не учествуваше во дебатата, гувернерот на ФлоридаРон ДеСантис, го опиша како „исчезнат“, додека поранешниот гувернер на Њу ЏерсиКрис Кристи, го исмеваше поради годините. Доналд Трамп наместо тоа разговараше со работниците од автомобилската индустрија во Детроит, каде ја нападна поддршката на Џо Бајден за електричните автомобили.