Во својата изјава, Бајден го истакна значителниот напредок што нацијата го постигна за време на неговиот мандат.
„Денес Америка ја има најсилната економија во светот. Направивме историски инвестиции во обновата на нашата нација, намалувањето на цените на лековите на рецепт за постарите лица и проширувањето на поволното здравствено осигурување на рекорден број Американци. Ја обезбедивме многу потребната нега на еден Милион ветерани изложени на токсични материи. Америка никогаш не била подобро позиционирана за лидерство од денес“, напиша Бајден.
Бајден истакна и дека сите овие успеси се постигнати благодарение на американскиот народ.
„Заедно ја надминавме пандемијата што се случува еднаш во векот и најлошата економска криза од Големата депресија. Ја заштитивме и зачувавме нашата демократија. И ги ревитализиравме и зајакнавме нашите сојузи ширум светот“, додаде тој.
И покрај неговата намера да се кандидира за втор мандат, Бајден рече дека е во најдобар интерес на неговата партија и на земјата да се повлече од трката и да се фокусира на извршување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат.
„Ова беше најголемата чест во мојот живот, служејќи како ваш претседател. Додека се подготвувам да и се обратам на нацијата подоцна оваа недела и да ја објаснам мојата одлука подетално, сакам да ја изразам мојата најдлабока благодарност до сите кои толку напорно работеа за повторно да бидам избран, сакам да и се заблагодарам на потпретседателката Камала Харис што беше извонреден партнер во оваа работа и сакам да ја изразам мојата искрена благодарност до американскиот народ за вербата и довербата што ми ја укажавте.