Џо Бајден со порака до заложниците киднапирани од Хамас: “Издржете, доаѓаме!“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, им испрати порака на надеж на заложниците на Хамас киднапирани во Израел за време на смртоносните напади на 7. октомври.

На новинарско прашање, по обраќање за климатски промени, за заложниците кои се киднапирани повеќе од пет недели, Џо Бајден одговори дека „разговарал со луѓето вклучени во акциите секој ден“.

Верувам дека тоа ќе се случи, но не сакам да навлегувам во детали“, рекол Џо Бајден.

За семејствата на повеќе од 200 заложници, Џо Бајден порача дека ја има оваа порака:

Издржете, доаѓаме“.