ЏО БАЈДЕН УТРЕ ВО ТЕЛ АВИВ – Откриен планот за посетата на американскиот претседател на Израел

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, утре ќе остане во Израел неколку часа, а потоа ќе се упати кон главниот град на Јордан, Аман, објавија денес израелските медиуми.

Членовите на тимот на Џо Бајден од синоќа веќе се во Тел Авив, пишува Times of Israel. Американскиот тим пристигна доцна синоќа со оклопни возила на Стејт департментот и на американската амбасада на југот на Израел.

По Израел, Џо Бајден ќе оди на самитот во Јордан, чиј домаќин ќе биде кралот Абдула Втори, а ќе учествуваат и претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас и претседателот на ЕгипетАбдел Фатах ел Сиси.

Како што пишуваат тамошните медиуми, целта на самитот во Јордан е да се изнајдат начини да се врати испораката на хуманитарна помош за Палестинците, во време кога продолжуваат судирите меѓу израелската Армија и палестинската милитантна група Хамас.