„Штотуку го убивме Нофал“: Израелската армија објави страшно видео и го потврди убиството на воениот командант на Хамас (ВИДЕО)

Израелската армија го потврди убиството на воениот командант на Хамас, Ајман Нофал, во Појасот Газа.

– Штотуку го елиминиравме Ајман Нофал, кој беше командант на централната бригада на Хамас во Газа и поранешен шеф на воената разузнавачка служба. Нофал режираше многу напади врз израелските цивили. Покрај тоа што беше една од најдоминантните фигури во терористичката организација, тој учествуваше и во планирањето на киднапирањето на Гилад Шалит. Нема да застанеме додека не го елиминираме Хамас – се наведува на сајтот на ИД.

Израелските одбранбени сили на социјалната мрежа Х објавија видео од убиството на лидерот на Хамас.

Смртта на Ајман Нофал, еден од најпознатите команданти на Хамас, претходно ја потврди и Хамас.

Во соопштението на Хамас се наведува дека Ајман Нофал, член на Генералниот воен совет и шеф на Централната бригада на Газа, е убиен во напад во бегалскиот камп Буреиџ.

– Тој беше убиен во варварското ционистичко бомбардирање кога го гаѓаа кампот Буреиј во централниот дел на Појасот Газа – соопшти Хамас.