☀️ Најтопло во Велес, Гевгелија, Кавадарци – 34 степени, до крајот на денот локална појава на пороен дожд и грмежи ⛈️
Во крајните јужни претежно планински подрачја и во подрачјето околу Демир Капија попладнево имаше локална појава на интензивен пороен дожд и грмежи. До крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), засилен ветер и изолирана појава на град, информираат од УХМР.
Највисока температура денеска е измерена во Велес, Гевгелија, Кавадарци 34 степени, во Скопје-Петровец, Штип, Струмица, Демир Капија 33, во Скопје-Зајчев Рид 32, во Виница 31, во Прилеп 30, во Тетово и Крива Паланка 29, во Берово 28, во Охрид 27, во Крушево и во Маврови Анови 24, во Лазарополе 23 и на Попова Шапка 17 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ=7
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, во вторник од западен, а потоа од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.