10 намирници кои го зајакнуваат имунитетот и го штитат од настинка и грип: Богати се со витамин Ц и се достапни во сите маркети и пазари
Полека влеговме во сезоната на настинки и грип и покрај тоа што не е студено и температурите се натпросечни за овој период од годината. Се очекува пикот на грипот да биде во декември или почетокот на следната година. Освен совети од доктори и лекови кои можат да ги ублажат и излечат симптомите на настинка и грип, можете да го зајакнете и вашиот имунолошки систем со помош на храна.
Според една позната клиника во Кливленд, со редовно консумирање на одредени намирници, кои првенствено се богати со витамин Ц, но и со други витамини и минерали важни за зајакнување на имунитетот, можеме да му помогнеме на телото да биде поотпорно.
Погледнете ја листата на топ 10 намирници идеални за овој период од годината и за зајакнување на имунитетот:
- Цитрон
- Црвена пиперка
- Брокула
- Лук
- Ѓумбир
- Спањак
- Јогурт
- Бадеми
- Киви
- Зелен чај