100 ГОДИШНИОТ ХЕНРИ КИСИНЏЕР ВО ТАЈНА МИСИЈА ВО КИНА !? Искусниот дипломат на САД се сретна со Си Џинпинг, но нивната средба се уште е обвиткана во мистерија за јавноста

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, се состана со ветеранот односно поранешниот искусен американски дипломат Хенри Кисинџер во Пекинг, објавија во четвртокот кинеските државни медиуми.

Хенри Кисинџер се сретнал со Си Џинпинг во Дипломатскиот комплекс „Диаојутаи“, објави CCTV, а повеќе детали од разговорите не се соопштуваат за јавноста.

Хенри Кисинџер кој има 100 години во изминатите неколку дена е во Пекинг, а се сретна и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и министерот за одбрана Ли Шангфу.

Хенри Кисинџер беше државен секретар и советник за национална безбедност во администрациите на претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд, и одигра клучна улога во нормализирањето на врските меѓу Вашингтон и Пекинг во 1970-тите години.

Вашингтон објави дека знаел за патувањето на Хенри Кисинџер во Кина, но истакна дека тој не дејствувал во име на американските власти.

Хенри Кисинџер редовно ја посетува Кина откако ја напушти функцијата.