Македонската Армија е подготвена да испрати 100 армиски припадници, кои по донесување на одлука на Владата и давање согласност на претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Aрмијата, Стево Пендаровски, ќе бидат подготвени да заминат за Словенија на помош во санирање на штетите од неодамнешното невреме.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска извести дали и колку точно припадници на Армијата ќе заминат за Словенија, ќе се одлучи во координација со Владата на Република Словенија, која треба да се изјасни дали ја прифаќа понудената помош и во колкава бројност.
Од Словенија до Центарот за управување со кризи пристигнало и барање за помош со тешка механизација.