Шефот на ФСБ Александар Бортников го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека се уапсени 11 осомничени за терористичкиот напад во концертната сала Крокус во Москва!
Бортников нагласи дека се уапсени и четворица терористи кои директно биле вклучени во терористичкиот напад.
Руските медиуми јавуваат дека двајца напаѓачи се уапсени по потера со автомобил, додека други тројца побегнале во шумата кај Брјанск.
Еден од осомничените е приведен на местото на превртениот автомобил, рече тој, додека другиот побегнал и бил уапсен околу 03:50 часот по локално време.
Руските медиуми јавуваат дека во автомобилот на терористот биле пронајдени пиштол, муниција за автоматска пушка и пасоши на државјани на Таџикистан.
Полициската акција во Русија продолжува.