Медицинскиот центар Риверсајд во Вирџинија доживеа бејби бум откако 12 работници на неонатална интензивна нега, една практикант, 10 медицински сестри и една секретарка останале бремени. Две жени веќе се породиле во март и мај, а останатите ќе се породат до крајот на годината. Тие ќе имаат шест девојчиња и три момчиња, додека полот на трите бебиња се уште не е познат.
„Ова е бременост во историјата на вработените во нашата болница. Пет од нив се мајки за прв пат“, изјави портпаролот на болницата за Today .
Работниците велат дека си помагаат и скокаат ако некој од нив има потреба од пауза или има преглед кај лекар. Едни на други си го чуваат грбот, а планираат да работат до крајот на бременоста.
Инаку, на одделот за неонатална интензивна нега во оваа болница работат 52 медицински сестри, па ретко работат 12-часовни смени, што би било тешко за трудниците.