Драма на патеката во Германија! Мотоцикл се преполови по страотен судар (ВИДЕО)

Учесници во инцидентот биле Маркез и Зарко

За време на вториот слободен тренинг за Големата награда на Германија во Мото ГП шампионатот, забележан е тежок инцидент.

Дошло до судир меѓу Марк Маркез и Жоан Зарко,кои за среќа останалe неповредени. Маркез изгубил контрола над мотоциклот, тој се излизгал, а потоа удрил во моторциклот на Зарко. Мотоциклот на возачот на Прамак Рејсинг се преполови, а доколку тоа не се случеше, Маркез речиси сигурно ќе паднеше под воланот на мотоциклот на неговиот ривал. Последиците веројатно би биле многу сериозни.

Погледнете ја драматичната сцена од „Захсенринг“.

Актуелен лидер во првенството е Франческо Бањаи од Дукати со 131 бод. Зарко е петти со 88, додека Маркез е на 18-та позиција во вкупниот број со 15.