12 вработени во исто одделение во американска болница забремениле во исто време

Медицинскиот центар Риверсајд во Вирџинија доживеа бејби бум откако 12 работници на неонатална интензивна нега, една практикант, 10 медицински сестри и една секретарка останале бремени. Две жени веќе се породиле во март и мај, а останатите ќе се породат до крајот на годината. Тие ќе имаат шест девојчиња и три момчиња, додека полот на трите бебиња се уште не е познат.

„Ова е бременост во историјата на вработените во нашата болница. Пет од нив се мајки за прв пат“, изјави портпаролот на болницата за Today .

Работниците велат дека си помагаат и скокаат ако некој од нив има потреба од пауза или има преглед кај лекар. Едни на други си го чуваат грбот, а планираат да работат до крајот на бременоста.

Инаку, на одделот за неонатална интензивна нега во оваа болница работат 52 медицински сестри, па ретко работат 12-часовни смени, што би било тешко за трудниците.