13 АПЛИКАЦИИ НА GOOGLE СОДРЖАТ ВИРУС: Доколку сè уште ги имате на телефонот, се препорачува ВЕДНАШ да ги избришете!

Ако користите уред со Android, проверете дали има некоја од овие опасни апликации и не заборавајте да ги избришете веднаш.

Имено, Google неодамна отстрани вкупно 13 апликации од својата продавница на Google Play откако експертите за софтверска безбедност од McAfee открија дека се заразени со опасниот вирус Xamalicious.

По инсталирањето на апликациите, овој вирус им дозволува на измамниците да пристапат до вашиот уред и да го конфигурираат како што им одговара.


Со таков пристап, хакерите можат да заразат уреди со несакан шпионски софтвер или дури и банкарски тројанци кои крадат пари, без сопственикот воопшто да биде свесен дека нешто непријатно се случува.

McAfee потврди дека е откриено дека вкупно 25 апликации го содржат овој гаден вирус Xamalicious, а 13 се лесно достапни за преземање преку официјалната продавница на Google на Google Play.

Досега ги имаат инсталирано повеќе од 300.000 корисници.

Список на апликации:

  • Essential Horoscope for Android
  • 3D Skin Editor for PE Minecraft
  • Logo Maker Pro
  • Auto Click Repeater
  • Count Easy Calorie Calculator
  • Sound Volume Extender
  • LetterLink
  • Numerology: Personal horoscope & number predictions
  • Step Keeper: Easy Pedometer
  • Track Your Sleep
  • Sound Volume Booster
  • Astrological Navigator: Daily Horoscope & Tarot
  • Universal Calculator