Во Утрехт во Холандија се изложени 14.000 детски чевли што ги симболизираат палестинските деца што ги загубија животите во израелските напади врз Појасот Газа.
Заедно со чевлите се изложени и играчки, како и список со имињата на убиените деца, а на дел од чевлите имало и цвеќиња.
Израел започна со напади врз Појасот Газа по 7 октомври минатата година и прекуграничниот напад на Хамас и оттогаш се убиени најмалку 31.645 Палестинци, главно жени и деца, а 73.676 се повредени.
По обвинението за геноцид поднесено од Јужноафриканската Република на 26 јануари, Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.