Од подрачјето зафатено од земјотресите во други турски области се префрлени вкупно 17.868 повредени лица, од кои 953 со авиони, 327 по морски пат, а 16.588 со копнени возила на Брзата помош.
Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа објави дека од другите турски области во зоната разорена од земјотресите се испратени 1.253 амбулантни возила, 6 амбулантни летала, 245 возила на Националниот медицински спасувачки тим (УМКЕ) и вкупно 6.596 припадници на УМКЕ и здравствени работници од Центарот за итни повици, заедно со 9.011 лекари.
Во регионот каде што се лоцирани вкупно 14.435 припадници на Националниот медицински спасувачки тим и здравствени работници од Центарот за итни повици, во здравствените установи работат вкупно 144.156 лица, од кои 18.022 лекари и 111.699 друг здравствен персонал.
Покрај тоа, од подрачјето зафатено од земјотресите во други турски области се префрлени вкупно 17.868 повредени лица, од кои 953 со авиони, 327 по морски пат, а 16.588 со копнени возила на Брзата помош.
TRT Balkan