273 ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ ВО МИНУТА – Индиец го собори светскиот рекорд во кршење ореви со глава: „Сакаме да му го видиме челото“

Индиецот Навен Кумар го собори Гинисовиот светски рекорд во кршење ореви со глава, каде за една минута успеа да скрши дури 273 ореви.

Овој 27-годишен мајстор за боречки вештини го врати светскиот рекорд за најголем број на искршени ореви со глава за една минута. Кумар го надмина претходниот рекорд од 254 кој го држеше Мухамед Рашид.

Како што пренесуваат индиските медиуми, Кумар и Рашид со години се натпреваруваат да го соборат овој Гинисов рекорд. Рашид првпат го држеше рекордот во 2014 година, скрши импресивни 150 ореви. Тој потоа го надмина сопствениот рекорд во 2016 година со кршење на неверојатни 181 орев. Сепак, по неколку години, Кумар повторно ја освои титулата најголем светски оревокршач.

„За да го докажам својот талент, повторно го срушив рекордот“, изјави Кумар за Гинисовата книга на рекорди.
Гинисовата книга на рекорди на својот Твитер профил сподели и видео на кое се гледа како Кумар крши ореви со главата. Видеото собра бројни прегледи и реакции.

„Рекордот е неверојатен“, „Ова е лудо“, „Искрши 273 ореви за една минута. Вистински човек. Тоа мора да е исцрпувачки и веројатно боли“, „Речиси пет ореви во секунда. Се надевам дека не заврши со вкочанет череп“, „Сакаме да му го видиме челото“, беа само дел од коментарите.