Од Марко Давчев нема ни трага ни глас веќе една недела. Доколку имате било каква информација, пријавете во полиција!
„На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од МВР.
Полицијата трагата по Марко Давчев од Струмица, кого за исчезнат го пријавиле од неговото семејство.
Веста за исчезнувањето на Марко ја објави Струмица денес на Фејсбук.