3 најлоши десерти кои ви го зголемуваат нивото на шеќер во крвта: Не е воопшто добро ако претераме

Уживањето во слатки со многу маснотии може да биде примамливо, но од клучно значење е да бидете свесни за потенцијалните здравствени последици што овие десерти можат да ги донесат.

Некои десерти особено се издвојуваат како виновници за поттикнување на воспаленијата и скоковите на шеќерот во крвта поради нивната висока содржина на масти. Нутриционистката Лиза Ричардс и диететичарката Жанет Џакинто открија три такви задоволства.

Крофни

Крофните, иако се вкусни, можат да имаат штетно влијание врз здравјето поради високата содржина на шеќер и рафинирано брашно. Редовното консумирање може да доведе до воспаление во телото бидејќи високиот внес на шеќер е поврзан со покачени нивоа на воспалителни маркери.

Ричардс тврди дека нивното елиминирање може да биде добро за намалување на воспалението и стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.

– Крофните обично се прават од рафинирано пченично брашно и се полни со шеќер, што предизвикува брзо зголемување на нивото на гликоза во крвта кога се консумираат. Овој ненадеен скок на шеќерот во крвта предизвикува зголемување на инсулинот за да го регулира нивото на шеќер, што на долг рок може да биде штетно за телото и да доведе до отпорност на инсулин, објасни таа за SheFinds, пренесува Индекс.

Колачи од различни видови тесто

Колачите можеби ни носат моментално задоволство, но не треба да го игнорираме нивното влијание врз воспалението и нивото на шеќер во крвта. Тие се полни со рафинирани шеќери, нездрави масти и преработено брашно, што може да придонесе за проблеми како што се зголемување на телесната тежина и да предизвика воспалителна реакција во телото.

– Колачите се воспалителни и штетни за здравјето на цревата поради високата содржина на шеќер и рафинирано брашно, предупредува Ричардс.

Овие состојки придонесуваат за брзи скокови на шеќерот во крвта, го стимулираат ослободувањето на инсулин и потенцијално предизвикуваат хронично воспаление.

Прекумерното консумирање шеќер може да претставува значителни здравствени ризици, дури и да придонесе за акумулација на сало во стомакот.

Пити

Иако слатките пити се одлично задоволство за речиси секоја пригода, комбинацијата од слатки филови и рафинирани кори од брашно може да предизвикаат скокови на шеќерот во крвта.

Со текот на времето, честото консумирање пита може да го надмине инсулинскиот одговор на телото, потенцијално да доведе до отпорност на инсулин и воспаление.

– Корите за пити се прават со многу путер, па затоа не се најдобра опција за оние кои се обидуваат да ослабат. Исто така, тие се направени од брашно што се разградува во шеќер, а филот е често многу сладок, што може да придонесе за скокови на шеќерот во крвта – заклучува Џакинто.