31 ГОДИНА ПОМЛАДА ОД НЕГО – Сопругата на Марк Ентони блеска во бременоста, се појавија на доделувањето на музичките награди во Мајами
Марк Ентони (54) и неговата бремена сопруга Надија Фереира (23) се појавија на музичките награди Premio Lo Nuestro во Мајами.
Таа за оваа церемонија избра долг фустан со наметка. Марк и таа се насмевнаа и позираа пред фотографите. Потсетуваме дека на Денот на вљубените ја објави радосната вест дека наскоро ќе стане мајка.
Албумот на Ентони „Pa’lla voy“ беше прогласен за албум на годината. При примањето на наградата и рекол на сопругата дека ја сака и ја бакнувал во стомакот.
Тие се венчаа на крајот на јануари. Присутни беа бројни познати личности, меѓу кои: Викторија и Дејвид Бекам, Салма Хајек, Малума, Луис Фонси и други.
Марк зад себе има три брака: со Дајана Торес (од 2000 до 2004 година), со Џенифер Лопез (од 2004 до 2011 година) и со Шенон Де Лима (од 2014 до 2017 година). Од бракот со Дајана ги има синовите Кристијан и Рајан, а со Џенифер близнаците Макс и Ема.