4 НАМИРНИЦИ КОИ ПОМАГААТ ДА ГО НАМАЛЕТЕ ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА: Изберете храна која ги содржи овие 3 состојки – ЈА БЛОКИРААТ ГЛИКОЗАТА

Дознајте кои се 4-те најдобри намирници за шеќер, како помагаат во регулирањето на гликозата.

Одржувањето здрави нивоа на шеќер во крвта е од суштинско значење за целокупното здравје поради неколку причини. Ако вашиот шеќер во крвта е постојано превисок, тоа може да доведе до трајно оштетување на бубрезите, нервите, очите и многу повеќе. Хипогликемијата или низок шеќер може да доведе до краткорочни проблеми како поспаност и проблеми со концентрацијата, но и поопасни, долгорочни проблеми како што се напади и кома.

За среќа, постојат начини да го контролирате шеќерот во крвта за да остане на оптимално ниво. А во тоа може да помогне правилната исхрана, поточно одредени видови храна.

Американската нутриционистка Мери Сабат наведе храна која позитивно влијае на нивото на шеќер во крвта.

1. Овес

Според експертот, чиј совет го објави порталот „She Finds“, за да го стабилизирате нивото на шеќер, во менито треба да вклучите храна богата со растителни влакна. Овие намирници вклучуваат овесни снегулки, а Сабат советува да се комбинираат со протеини и здрави масти.

Влакната се важни за регулација на шеќерот во крвта бидејќи јаглехидратите со висока содржина на оваа супстанца полека се апсорбираат, така што гликозата не скока премногу високо“, рече Сабат.

Таа вели дека овесот е „одличен извор на диетални влакна, кои помагаат да се забави варењето на јаглехидратите, а со тоа да се стабилизира нивото на шеќер во крвта“.

2. Зелен лиснат зеленчук

Дополнително, таа навела кои намирници се корисни за висок шеќер во крвта – лиснатиот зеленчук, односно спанаќот и кељот, имаат слично дејство. 

„Зелениот лиснат зеленчук совршено се комбинира со здрави масти и малку протеини, а сето тоа можете да го „замешате“ во салата. Мешањето на овие хранливи состојки заедно ќе помогне да се забави апсорпцијата на јаглехидратите, со што ќе го одржите шеќерот во крвта постабилен.

3. Јаткасти плодови и семиња

Јаткастите плодови и семките исто така ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот.

„Кога се додаваат во оброк кој има повеќе јаглехидрати, па дури и кога се земаат сами, овие здрави масти ќе ја забават апсорпцијата на шеќерот и на тој начин ќе го намалат шеќерот во крвта“, вели нутриционистот.

4. Грчки јогурт

Освен тоа, нутриционистот препорачува конзумирање на грчки јогурт кој содржи протеини, масти и пробиотици кои се корисни за варење.

„Јогуртот има и јаглехидрати, но содржината на протеини и масти во јогуртот ја забавува апсорпцијата на јаглехидратите, а со тоа го регулира шеќерот во крвта“, објаснува таа.