Една земја има најголеми шанси: Кои се моменталните фаворити за победа на Евровизија? 

Украинската песна „Teresa & Maria“ моментално е на првото место на анкетата на страницата „eurovivionworld“, која е специјализирана за настани на Евросонг и Евровизија.

Украинската песна во изведба на Алиона Аљона и Џери Хејл убедливо води меѓу песните на земјите кои досега избираа свои претставници и е на првото место со 19 отсто шанси за победа.

Второпласираната Велика Британија со песната „Dizzy“ има седум проценти шанси за победа, додека претставничката на Италија, Анџелина Манго со песната „La noia“ е на трето место со ист процент на шанси за победа.

На четврто место е Исланд со шест отсто, иако оваа земја се уште нема избрано свој претставник.

На петто место е Израел со пет отсто шанси за победа, иако од друга страна се соочува со барања да биде исфрлен од ова музичко натпреварување.

Да потсетиме, викендов победничката на италијанскиот музички фестивал Сан Ремо, Анџелина Манго ги освои срцата на публиката ширум светот и беше избрана да ја претставува својата земја на овогодинешниот музички натпревар на Евровизија.