4 причини поради кои Турција е рај за мафијата: Најмногу ги има од Србија, Црна Гора, Албанија…! Сега овој човек сака да им застане на пат (фото)

„Драг мој народе, денеска уапсивме тројца гангстерски босови по меѓународна потрага во Аланија и Истанбул“, објави Али Јерликаја на социјалните мрежи во вторникот. Тие се водачи на банди со белгиско-британско, виетнамско и арапско потекло. Без разлика колку се силни тие банди и какви потерници се распишани, ние ќе им застанеме на патот!“, изјави воинствено турскиот министер за внатрешни работи.

Откако тој ја презеде функцијата во јуни, не помина едвај ден без апсење на тешки криминалци. Тие вклучуваат дилери на дрога, лихвари, трговци со луѓе, измамници и крадци – но и шефови на меѓународни банди кои се етаблираа во Турција во последните години. Јерликаја пред нешто повеќе од еден месец објави дека турската полиција успеала да го затвори целото раководство на глобално активната криминална група „Команчеро“. Меѓу уапсените има и неколку лица од Австралија и Нов Зеланд кои Интерпол ги бара врз основа на меѓународна потерница. Јерликаја објави и видео снимка од апсењето, пишува Дојче веле.

Но Јерликаја

Зошто Турција?

Од неодамна, има сè поочигледни показатели за зголеменото присуство на меѓународен криминал во Турција: престрелки, убиства и уште повеќе истражувачки извештаи од новинари. Сепак, пред Јерликаја да ја преземе функцијата, речиси никогаш немало сериозни истраги, па дури и кривични пријави против овие групи. Самиот поранешен министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу одржуваше блиски врски со мафијата. За време на неговиот мандат, водечките турски мафијаши од подземјето беа ослободени од затвор, што и овозможи на Турција да се развие во рај за меѓународни криминалци, особено од Србија, Албанија, Азербејџан, Русија и Црна Гора.

Овде бандите ги водат своите војни, како што покажува убиството на Јован Вукотиќ, наркобос од црногорскиот клан Шкаљар. Вукотиќ беше убиен во Истанбул на 8 септември 2022 година. Истрагата открила дека бил убиен од локална мафијашка група за награда од 1,5 милиони евра. Според полицијата, наредбата дошла од соперничкиот Кавачки клан.

Кавчани и Шкаљарци , два нарко-клана од Котор, веќе десет години водат војна во Европа. Досега околу 50 луѓе се убиени во крвавите судири во неколку земји. Како одговор на истрагата на ДВ, германската криминалистичка полиција (БКА) во 2022 година изјави дека Турција извесно време се етаблирала како рај за криминалните групи од Западен Балкан. Рациите на турските власти открија како функционираат таквите групи од Шпанија до Турција. Запленетите фотографии и документи сведочат за киднапирање, мачење и убиства.

Меки закони и златни пасоши

Експертите велат дека постојат четири главни причини зошто Турција стана втор дом за многу криминалци во последните години. Прво, законите за спречување на перење пари се премногу благи. Второ, власта одвреме-навреме ги амнестира сторителите на економски криминал. Трето, безвизен влез е можен од многу земји. И четврто, богатите луѓе можат брзо да станат турски државјани.

Секој кој инвестира 500.000 долари во Турција или ги депонира на банкарска сметка три години или кој купува недвижен имот во вредност од најмалку 400.000 долари, може да поднесе барање за турско државјанство. Кристин Сурак од Лондонската школа за економија и политички науки, која напиша книга за овие таканаречени „златни пасоши“, вели дека годишно повеќе од 50.000 луѓе од целиот свет добиваат турско државјанство по оваа основа. А речиси половина од нив се издадени од Анкара.

Турска полиција, Турција

Дополнително, шефовите на меѓународните банди можат да добијат и турско државјанство преку вообичаената процедура доколку ги исполнуваат условите и доколку за нив нема потерница од Интерпол во моментот на натурализацијата. Фуркан Сезер, поранешен шеф на одделот за економски криминал во полицијата во Истанбул, со години ги следи овие процеси. Тој вели дека многу криминалци прво се натурализираат, а потоа го внесуваат својот имот во земјава. Благодарение на честите амнестии, тоа е многу лесно. Ова им овозможува на физичките и правните лица да ги пријават своите нерегистрирани средства од странство или во земјата до даночните власти, понекогаш дури и без да плаќаат даноци.

Тоа значи дека парите, чие потекло не е познато, влегуваат во законскиот финансиски тек. Озан Бингол, експерт за даночно право, ја критикува оваа практика. „Криминалците обично плаќаат 15 до 20 отсто од вредноста за перењето пари“, вели тој. Но, турската влада им дозволува тоа да го сторат без да плаќаат даноци. Тоа, според него, ја отвора вратата за криминалците од секаков вид. Бингол го критикува и недостатокот на авторитет на полицијата во борбата против перењето пари.

„Ако некој ненадејно се појави денес со милион долари, властите не смеат да прашуваат од каде се парите“, вели тој. Сегашната влада на АКП ја усвои оваа уредба како еден од нејзините први проекти по доаѓањето на власт во 2002 година, рече Бингол. Покрај тоа, постојат големи дупки во законите кога станува збор за инвестирање во криптовалути, што, според Бинголов, привлекло многу меѓународни банди во Турција. Според него, овие инвестиции треба што поскоро да се санкционираат и регулираат.

Турција е на сивата листа

Меѓународниот институт за борба против перење пари и финансирање тероризам FAFT (Финансиска акциска работна група) објави дека Анкара мора да преземе построги мерки против перење пари. FIFT пред две години ја стави земјата на таканаречената сива листа. Оттогаш Турција е под надзор. До ревизијата на таа листа следниот јуни, Анкара би сакала да биде отстранета од оваа листа бидејќи турската економија без неа е во неволја.