4,1 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Родилка во БОЛКИ лежи во кревет, нејзиниот партнер гледа НАТПРЕВАР со маска за КИСЛОРОД

НОВАТА мајка Амбер Луиз Тили на TikTok сподели видео од нејзиниот партнер како внимателно следи фудбалски натпревар додека таа лежи на породување во болнички кревет. Човекот дури користел маска за кислород за да остане смирен додека неговиот тим играл „важна игра“.

Откако беше објавен, краткиот клип собра 4,1 милиони прегледи и беше споделен од корисниците на популарната социјална мрежа.

„Никогаш не би ѝ го направил тоа на жена која ми раѓа дете“, „Тажно“, „Не му се налути за тоа“, се дел од коментарите.

Тили појаснила дека не го обвинува партнерот затоа што породувањето штотуку започнало.

„Кога дојде моментот на породување, кога врескав, тој беше покрај мене и ме држеше за рака“, истакна таа потоа.