5 КАРАКТЕРИСТИКИ КОИ ЖЕНАТА ТРЕБА ДА ГИ БАРА ВО МАЖОТ: Поради нив секогаш ќе се чувствува почитувано, сакано и безбедно

Сите момчиња растат, но не сите стануваат мажи…

Иако на почетокот на врската со партнерот се изгледа идеално, подоцна можеме да почувствуваме дека сме згрешиле при изборот на партнер. Кога жените би направиле листа на квалитети кои би ги сакале кај потенцијалниот партнер, дефинитивно една од нив би била емоционалната зрелост.  Меѓутоа, времето често покажува дека личноста до нас е несигурна и дека не сме вистински исполнети во врски во кои не добиваме безусловна љубов и поддршка.

Многу возрасни мажи се уште се момчиња, тие се емотивно незрели, а односите со нив може да бидат турбулентни и трауматични. Човекот треба да го красат три нешта: пристојност, карактер и постапки, а не ефтино наметнување, суетна самодоверба и фалење.

5 карактеристики кои ги разликуваат зрелите мажи од незрелите

1. Преземање одговорност

Зрелите мажи преземаат одговорност за своите постапки и одлуки. Тие не ги обвинуваат другите за нивните грешки, туку размислуваат што можат да научат од тие грешки. Незрелите мажи никогаш не го прават тоа; тие секогаш очекуваат некој друг да преземе одговорност за нив.

2. Самодисциплина

Зрелите мажи се дисциплинирани. Дури и кога им е тешко, тие не се откажуваат од однапред поставените цели . Незрелите мажи не се такви – ги поминуваат деновите без план и не се трудат да постигнат нешто големо во животот.

3. Сигурност

За разлика од незрелите мажи, секогаш можеме да се потпреме на зрели мажи, да им веруваме и да знаеме дека тие ќе бидат на наша страна. Со нив знаете дека сте тим и дека можете да се потпрете на нив кога ви треба помош.

4. Искреност

Доблестите како што се етиката и претпазливоста ги красат само зрелите мажи. Човек кој е нечесен и не гледа проблем во тоа е незрел.

5. Комуникација

Јасната и отворена комуникација е клучна за секоја здрава врска: ако не можете да разговарате со партнерот за сè што сакате, размислете дали тој е вистинскиот за вас. Зрелите мажи се придржуваат до комуникацијата со партнерката и не се плашат да ја изразат својата гледна точка, додека незрелите мажи ја сметаат комуникацијата и способноста да го слушаат гледиштето на другиот без да викаат тешко, а понекогаш и невозможно.